Македонија

Светска банка ја зголеми прогнозата: Македонската економија ќе порасне за 3,2 проценти во 2026

Светска банка ја зголеми прогнозата: Македонската економија ќе порасне за 3,2 проценти во 2026

Светска банка очекува забрзување на економската активност во Македонија во текот на 2026 година, со што ја зголеми прогнозата за економскиот раст на земјава.

Според најновиот октомвриски извештај, наместо досегашно предвидените 2,9 проценти, сега се очекува македонската економија да порасне за 3,2 проценти.

Меѓу клучните фактори што треба да придонесат за растот се инфраструктурните проекти, кои се очекува да имаат значајна улога во економската активност.

За 2027 и 2028 година, Светска банка предвидува раст на економијата од по 3 проценти.

На ниво на Западен Балкан, прогнозата за 2026 година предвидува економски раст од 3,1 процент. За следните две години, односно 2027 и 2028 година, се очекува раст од по 3,4 проценти.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни