Македонија

Клековски: Пациентот мора побрзо да стигне до дијагноза и лекување

Клековски: Пациентот мора побрзо да стигне до дијагноза и лекување

Подобрувањето на здравствениот систем треба директно да се почувствува кај пациентите – преку побрза дијагноза, навремено лекување и еднаков пристап до здравствена грижа, порача министерот за здравство Сашо Клековски.

Клековски денеска се обрати на извршната тркалезна маса „Градење одржлив, достапен здравствен систем ориентиран кон пациентите“, организирана од Холандската стопанска комора во Македонија. На настанот учествуваа креатори на политики, здравствени работници, клинички експерти, финансиски и меѓународни претставници, како и претставници на индустријата.

Во фокусот на дискусијата беа трансформацијата на здравството и подобрувањето на патеките на грижа, здравствената еднаквост и пристапот до услуги, како и одржливото финансирање и модернизацијата на здравствениот систем.

Една од темите се однесуваше на поинтегрирана и координирана грижа – од превенцијата и дијагнозата, преку лекувањето и рехабилитацијата, до долгорочното управување со хроничните заболувања. Се разговараше и за регионалните разлики во пристапот до здравствена заштита, недостигот на кадар и дигиталното поврзување меѓу здравствените институции.

Посебен акцент бил ставен и на кардиоваскуларната грижа, како пример за подобро упатување и координација на пациентите, како и на потребата од поефикасно користење на постојната инфраструктура и капацитети.

„Секое вложување во опрема, објекти и дигитализација го мериме со едно прашање – дали пациентот побрзо доаѓа до дијагноза и лекување и дали добива иста грижа без разлика каде живее. Не е важно само колку инвестираме, туку колку ефикасно инвестираме – со јасни приоритети, со подобро искористување на она што веќе го имаме и со партнерства што носат вредност за јавното здравство“, изјави Клековски.

По обраќањето на министерот, поздравно обраќање имаше и извршниот директор на Холандската стопанска комора во Македонија, Боб Смит, со што официјално беше отворена дискусијата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни