Македонија

Над 4.500 нерегуларни корисници на социјална помош, имало и починати и отселени лица

Над 4.500 нерегуларни корисници на социјална помош, имало и починати и отселени лица

Над 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност, за кои премиерот Христијан Мицкоски тврди дека биле нерегуларни, досега биле откриени во владините проверки. Според него, меѓу корисниците за кои биле исплаќани средства имало починати лица, граѓани кои се иселиле од државата, но и фиктивни корисници.

„До овој момент имаме повеќе од 4,5 илјади, значи не 45, не 450, туку 4,5 илјади лажни корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност“, рече Мицкоски.

Премиерот посочи дека по извршените проверки и анализата на податоците, износот на средствата предвидени за исплата овој месец е за околу 200 милиони денари помал во споредба со истиот месец минатата година.

„Како е тоа возможно? Возможно е затоа што корисници биле, за жал, починати луѓе, отселени луѓе, лажни луѓе и така натаму“, изјави Мицкоски.

Според неговите пресметки, на годишно ниво од државниот буџет биле издвојувани повеќе од една милијарда, а во одредени случаи и до милијарда и пол денари за вакви исплати.

Мицкоски информира дека проверката сè уште не е завршена. Останува да бидат проверени уште приближно една петтина до една шестина од вкупниот број корисници.

Тој најави дека контролите ќе продолжат и во други области, а не само кај корисниците на гарантирана минимална помош и социјална сигурност. Според него, утврдените состојби имаат влијание и врз здравствениот систем и други сектори.

Премиерот проверките ги опиша како реформа која, според неговите проценки, може да има финансиски ефект од околу 25 милиони евра годишно.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни