Македонија

Конески: Студирањето во странство не значи бегство, туку можност новото знаење да се вгради дома

Конески: Студирањето во странство не значи бегство, туку можност новото знаење да се вгради дома

Дали заминувањето на академици на студии во странство е автоматски знак за лош домашен образовен систем или, пак, претставува природен процес на стекнување знаења кои потоа ќе се имплементираат во сопствената земја?

Ова прашање се отвори во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, каде што претседателот на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ, Тодор Конески – кој дипломирал меѓународни односи во Венеција – се соочи со прашањето како пред младите во Битола, Штип или Велес ќе го докаже квалитетот на македонското образование кога самиот избрал да студира надвор.

Студиски престој во странство како глобален тренд, а не бегство

Конески појасни дека неговата одлука за студирање во Италија била водена исклучиво од желбата за стекнување ново искуство и знаење кое потоа ќе го врати и примени дома.

„Студискиот престој во друга држава не значи дена сопствената земја има лошо образование. Тоа е глобален феномен и не е ништо од кое треба да се бега, туку напротив – треба правилно да се искористи“, истакна Конески.

Тој додаде дека за време на студиите во Италија имал колеги од земји со исклучително висок образовен стандард, како Велика Британија и Холандија, што потврдува дека мобилноста на студентите е вообичаена практика за личен и професионален развој, а не девалуација на матичниот систем.

Мозаик за подобро образование: Инфраструктура, услови и соработка со студентите

Во однос на македонските универзитети, Конески подвлече дека унапредувањето на нивниот квалитет бара сеопфатен пристап кој не се сведува само на самата настава.

  • Целосен мозаик од фактори: Според него, реформата на образованието бара вложување во модернизација на инфраструктурата, обезбедување добри студентски услови и континуирана поддршка за младите истражувачи.
  • Слух за студентските барања: Како позитивен пример за отвореноста на институциите, Конески ја посочи соработката меѓу студентските тела и Министерството за образование и наука (МОН).

„Еден силен показател за отвореноста е статистиката дека од 13 поднесени студентски иницијативи до Министерството за образование и наука, дури 12 се веќе прифатени. Тоа покажува дека ресорното министерство има слух за реалните проблеми на студентите и покажува кооперативност за сите корисни решенија кои ги предлагаат младите“, заклучи Конески.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни