Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија остро ги осуди нападите на групите Хути врз меѓународниот аеродром „Крал Калид“ во Ријад и аеродромот во Абха, Саудиска Арабија.
Во објава на социјалната мрежа Икс, од Министерството посочуваат дека во инцидентот имало цивилни жртви, а дополнителна загриженост предизвикала и штетата предизвикана од остатоци од ракетите врз градинка и медицински комплекс.
„Нападите врз цивили и инфраструктурата претставуваат сериозно кршење на меѓународните норми и меѓународното хуманитарно право“, се наведува во реакцијата.
Од Министерството изразија целосна солидарност со Саудиска Арабија и нејзиниот народ, упатувајќи најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и изразувајќи поддршка за сите погодени од инцидентот.