Променливо облачно, претпладне ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен, повремено силен ветер од северозападен правец.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, следува период на променливо облачно време наместа со повремени врнежи, кои на повисоките планини ќе бидат од снег. Од утре до почетокот на викендот ќе дува засилен северозападен ветер, кој повремено наместа ќе биде силен.