Македонија

Речиси 25.000 граѓани се пријавиле за вакцинација против грип, имунизацијата се очекува да почне до 25 октомври

Речиси 25.000 граѓани се пријавиле за вакцинација против грип, имунизацијата се очекува да почне до 25 октомври

Речиси 25.000 граѓани досега изразиле интерес за вакцинација против сезонски грип преку интернет-страницата vakcinacija.mk, а почетокот на имунизацијата се очекува во периодот од 16 до 25 октомври. Првите 30.000 дози вакцини се обезбедени, додека дополнителни пратки се очекуваат во текот на следниот месец.

Според информациите од системот „Мој термин“, првата пратка ја сочинуваат 30.000 дози од вакцината GCFLU Multi inj., произведена од јужнокорејската компанија „GC Biopharma Corporation“, информираат од Министерството за здравство.

Од Министерството посочуваат дека станува збор за тривалентна вакцина против грип за 2026 година, која е одобрена од Светската здравствена организација и ги исполнува пропишаните критериуми за квалитет.

„Задолжително е обезбеден сертификат за квалитет, издаден од производителот, како и сертификат од референтна лабораторија за контрола на квалитетот од мрежата ОМЦЛ (Official Medicines Control Laboratories)“, наведуваат од Министерството.

Првите 30.000 дози се обезбедени преку заем во рамките на воспоставената меѓународна соработка со соседните држави, во овој случај преку УНИЦЕФ и Албанија.

Дополнителни 26.000 дози вакцини од фармацевтската компанија „Санофи“ се очекува да пристигнат до 15 ноември. Во меѓувреме, во тек се разговори за обезбедување уште 24.000 дози.

Со тоа, планираните количини опфаќаат вкупно 80.000 дози вакцини, доколку се реализира и набавката за која сè уште се преговара.

Од Министерството за здравство додаваат дека приоритетните групи граѓани за вакцинација ќе ги утврди Комисијата за имунизација.

Вакцинацијата против сезонски грип е една од мерките за намалување на ризикот од заболување и тешки компликации, особено кај лицата кои припаѓаат на ризичните групи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни