Македонија

Петровска: Имам амбиција, но сега не треба да бидам претседателка на СДСМ

Петровска: Имам амбиција, но сега не треба да бидам претседателка на СДСМ

Славјанка Петровска отворено проговори за своите политички амбиции и можноста еден ден да застане на чело на СДСМ, но нагласи дека во овој момент партијата има потреба од нешто многу поважно од индивидуална амбиција.

Во гостувањето во „Ноќно студио“ на 4ТВ, Петровска истакна дека СДСМ во актуелниот период му е потребен тим од луѓе со знаење, политички капацитет и искуство, кој ќе може да ја извлече партијата од кризата.

„Природно е да имам амбиција. И јас, за разлика од другите, ќе бидам многу искрена и ќе кажам дека да, имам, но јас не сметам дека сега треба да бидам претседател на СДСМ“, изјави Петровска.

Таа додаде дека не е пресудно дали идниот лидер ќе биде маж или жена, туку дали ќе поседува знаење, политичка зрелост и доволно искуство за да се справи со предизвиците што ја очекуваат партијата.

„На СДСМ ѝ треба човек, личност која ќе има капацитет, политичко знаење и огромно искуство да го преброди овој тежок период кој ќе дојде“, порача таа.

Со ваквата изјава, Петровска испрати порака дека иднината на СДСМ не треба да се сведува на борба за лидерска функција, туку на создавање тим и јасна политичка стратегија за обновување на партијата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио во Славјанка Петровска 22.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни