Македонија

Филипче по изборите во Србија: „Падна Орбан, падна Вучиќ – сите знаеме кој е следен“

Филипче по изборите во Србија: „Падна Орбан, падна Вучиќ – сите знаеме кој е следен“

Изборните случувања во Србија предизвикаа реакција и на македонската политичка сцена. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ја поздрави прогласената победа на студентската изборна листа, оценувајќи ја како историска, а притоа упати порака дека политички промени се можни и во Македонија.

„Честитки до граѓаните на Србија за големата, историска победа! Како што најавивме, следува ослободување од криминалните структури на власта. Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен“, напиша Филипче на социјалните мрежи.

Со оваа порака, претседателот на СДСМ ги поврза политичките случувања во Унгарија и Србија со состојбите во Македонија, алудирајќи на можноста за промена на власта и во земјава.

Филипче истовремено изрази очекување дека Србија и Македонија ќе продолжат да ги развиваат билатералните односи и да градат соработка заснована на меѓусебно почитување.

„Очекувам Србија и Македонија да градат најдобри можни односи, засновани на меѓусебно почитување и соработка“, порача тој.

Во обраќањето до македонските граѓани, Филипче најави дека претстои политичка борба против актуелната власт, која ја обвини за поврзаност со, како што наведе, криминални структури.

„На граѓаните на Македонија им порачувам дека нè чека борба, ни малку лесна, затоа што се бориме против остатокот од оваа криминална балканска група“, напиша лидерот на СДСМ.

Неговата реакција следува по изјавата на Александар Вучиќ дека неговата изборна листа ги загубила изборите во Србија. Сепак, конечните резултати и распределбата на пратеничките мандати треба да бидат потврдени од Републичката изборна комисија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни