Македонија

Саша Богдановиќ: Србија покажа демократска зрелост, честитки за победниците на изборите

Саша Богдановиќ: Србија покажа демократска зрелост, честитки за победниците на изборите

Пораката за демократски процес, почитување на изборната волја и продолжување на добрососедските односи ја упати Саша Богдановиќ по изборите во Србија. Во објава на социјалните мрежи, тој им честиташе на победниците и порача дека сега е време ветувањата да се претворат во конкретни дела.

Богдановиќ оцени дека Србија покажала сила, достоинство и способност да организира фер и демократски избори, упатувајќи честитки до граѓаните за изразената изборна волја.

Во објавата тој се осврна и на досегашното политичко раководство, упатувајќи пофалби до Александар Вучиќ и политичката листа „Обединета Србија“ за, како што наведе, придонесот во развојот на земјата, но и за прифаќањето на изборните резултати.

„Од денеска зборовите треба да ги претворите во дела“, порача Богдановиќ, обраќајќи им се на победниците.

Тој нагласи дека Србија не е ниту еден поединец ниту една политичка партија, туку држава чиј интерес треба да биде над интересите на секој поединец. Во тој контекст, ја истакна важноста од почитување на гласот на народот и изрази надеж дека изборниот исход ќе придонесе за напредок и подобра иднина на земјата.

На крајот од пораката, Богдановиќ се осврна и на односите меѓу Македонија и Србија, изразувајќи поддршка за продолжување на пријателството и добрососедската соработка.

„Да живеат Србија и Македонија. Да живеат братските односи меѓу Србија и Македонија“, напиша Богдановиќ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни