4NEWS.mk

Се отвори првиот центар на стартап заедницата во Скопје

Македонската стартап заедница доби свој МКstartup Space центар наменет за настани, вмрежување и едукација на иновативните претприемачи.

Центарот се наоѓа во Скопје на локација кај автобуската станица Рекорд, а под водство е на Асоцијацијата Стартап Македонија и Фондот за иновации.

Стартап Македонија и Фондот за иновации потпишаа договор за соработка за отстапување на просторот за основање на центарот. Се изработува платформа каде ги повикуваат сите стартап компании да се регистрираат, со цел зајакнување капацитети, експертиза од странски екаперти што ќе им се понуди на тукашните претприемачи, соработка и заедничко надминување на предизвиците.

До сега околу 100-тина стартап компании добија финансиска поддршка од Фондот за иновации, а до крајот на годинава ќе следи и нов повик, информира Јован Деспотовски, директор на Фонд за иновации и технолосхки развој.

Центарот е поддржан и од Швајцарската амбасада, но и од УСАИД.

Мирјана Јовеска

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни