Македонија

„Не може едни правила за Украина и Молдавија, а други за Западен Балкан“: Словачка против двојни стандарди во ЕУ

„Не може едни правила за Украина и Молдавија, а други за Западен Балкан“: Словачка против двојни стандарди во ЕУ

Словачка се противи на примената на двојни стандарди во процесот на проширување на Европската Унија, нагласувајќи дека сите земји кандидатки мора да бидат третирани според исти критериуми, без разлика дали станува збор за државите од Западен Балкан, Украина или Молдавија.

„Не можеме да прифатиме евроинтеграцијата, која се темели на европските стандарди, да има различни критериуми за различни земји кандидатки. Ние сме против правење разлика меѓу Западен Балкан и Украина“, е ставот на словачката страна.

Во меѓувреме, продолжуваат контактите со европските институции и со дел од земјите членки на Унијата, кои покажуваат интерес да помогнат во изнаоѓањето рационално и долгорочно одржливо решение за деблокирање на македонскиот евроинтеграциски процес.

Сепак, засега нема гаранции дека ќе биде постигнат договор што ќе овозможи надминување на постојните пречки.

Од македонската Влада порачуваат дека не се подготвени да прифатат привремено решение кое само краткорочно би го деблокирало процесот, а во иднина повторно би ја довело државата во истата ситуација.

„Нема никаква гаранција дека решение ќе има. Нашата Влада не е подготвена ниту да прифати решение кое привремено ќе направи санација, а долгорочно државата ќе ја доведе во истата ситуација во која што е денес“, се наведува во ставот на Владата.

Прашањето за еднаков третман на земјите кандидатки останува едно од клучните во дебатата за идното проширување на Европската Унија, додека Македонија продолжува да бара решение што ќе обезбеди предвидлив и одржлив пат кон полноправно членство.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни