4NEWS.mk

Ловец на урагани со авион влета во центарот на Доријан: Вака изгледа бурата што ја пустоши Америка

Пилот на авион на американската Национална океанска и атмосферска администрација (НОАА), влета во „окото“ на ураганот Доријан кој е од петта категорија.

На видео снимката направена од пилотската кабина се гледак како изгледа тоа возење и како „Ловецот на урагани“ успеа да се пробие низ влажниот и опасен вител и да дојде во центарот каде е мирно.

Како што се наведува, тој таа акција ја извел со авионот Локхид ВП-3Д Орион кого нагалено го викаат „Кермит“, според ликот на жабецот од популарната серија Мапет шоу.

На снимката се гледа како пилотксата кабина е украсена со маскотата Кермит.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни