4NEWS.mk

Груби: Блиску сме до компромис за законот за ЈО

Претседателот на комисијата за европски прашања, Артан Груби вели дека се водат интензивни преговори меѓу тимовите на власта и опозицијата за новиот Закон за јавно обвинителство.

Открива дека продолжението на седницата на која ќе се дебатира за Законот ќе биде веднаш штом добие сигнал дека усогласени се разликите кои постојат.

-Остануваат уште 40 амандмани, 10 од нив се на опозицијата. Се надеваме ќе има договор, многу сме блиску до постигнување компромис, изјави Груби.

Зоран Јаневски

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни