Македонија

Рокас: Македонија бележи напредок во повеќе области, потребни се дополнителни резултати и во медиумските слободи

Рокас: Македонија бележи напредок во повеќе области, потребни се дополнителни резултати и во медиумските слободи

Дигиталната трансформација, науката, образованието и владеењето на правото се меѓу областите во кои Македонија бележи подобрување во споредба со претходната година. Ова го истакна амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, коментирајќи го годинешниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата.

Одговарајќи на новинарско прашање, Рокас посочи дека во изминатиот период биле донесени значајни закони, а резултатите од преземените активности веќе почнуваат да стануваат видливи.

Сепак, тој нагласи дека напредокот треба да се анализира во рамките на годишниот циклус на известување и дека, и покрај постигнатото ниво на подготвеност во одредени области, од земјата се очекуваат дополнителни резултати.

Посебен акцент во своето обраќање стави на слободата на медиумите, посочувајќи дека законската рамка во оваа област е предмет на преиспитување со цел нејзино усогласување со европското законодавство и стандардите на Европската Унија.

Меѓу клучните прашања што треба да се регулираат ги издвои транспарентноста на сопственичката структура на медиумите, државното рекламирање, конкурентноста, државната помош и заштитата на правата од интелектуална сопственост.

Според Рокас, медиумската сфера заслужува целосно внимание, а Европската Унија внимателно ги следи состојбите и е подготвена да обезбеди стручна помош и препораки за законските измени.

Целта, како што посочи, е преку соодветни законски решенија да се придонесе кон зајакнување на медиумите и подобрување на условите за нивно функционирање.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни