Македонија

Влегол во училиште и нападнал двајца ученици – приведен жител на Тетовско

Влегол во училиште и нападнал двајца ученици – приведен жител на Тетовско
Фото: 4news.mk

Инцидент во основно училиште во тетовскиот регион. Педесет и едногодишен жител на селото Требош е приведен под сомнение дека физички нападнал двајца малолетни ученици, на кои претходно им упатил и вербални закани.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот се случил на 9 ноември, околу 9 часот, за време на големиот одмор. Б.Х. влегол во училишните простории, по што ги нападнал учениците.

Полицијата од Полициското одделение Групчин го привела осомничениот истиот ден, во 18:10 часот. Тој бил задржан во полициска станица.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни