Во живо 20:00 „Ноќно студио“ со Анастасија Павловска „Кој ги следи студентите“ Гледај
Македонија

Приведени осум возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит

Приведени осум возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит
Фото: 4news.mk

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, шест управувале возило без положен возачки испит и тоа: Ш.Ј.(57) и К.Б.(18) од Скопје, М.А.(30) од Тетово, И.Х.(26) од с.Уланци, општина Градско, Н.Д.(19) од Прилеп и В.С.(22) од с.Заполжани, прилепско. Додека, со активна забрана, возило управувале А.Ј.(29) од Битола и Ш.С.(38) од Кичево. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Ноќно студио

Најнова епизода

Кој ги следи студентите? Ноќно студио со Анастасија Павловска 10.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни