Свет

Маскирани демонстранти влегоа во студио на РТВЕ, генералниот штрајк ја наруши ТВ-програмата во Шпанија

Маскирани демонстранти влегоа во студио на РТВЕ, генералниот штрајк ја наруши ТВ-програмата во Шпанија

Околу педесет маскирани демонстранти влегле во студиото на шпанскиот јавен сервис РТВЕ во Барселона и го одложиле почетокот на утринската емисија „Cafè d’Idees“, во рамките на генералниот штрајк организиран поради станбената состојба и барањата за достоинствени плати.

Демонстрантите пристигнале околу 7:45 часот, петнаесет минути пред почетокот на емисијата што ја води новинарката Џема Ниерга, а се емитува на Ràdio 4 и La2Cat. Во студиото поставиле транспаренти со пораки поврзани со штрајкот.

Екипата подготвувала специјална програма посветена на протестите, но не можела да го почне преносот во предвидениот термин.

„Новинарите се сметаат за неопходна служба. Денес не можеме да ја извршуваме нашата работа“, изјавила Ниерга во кратко вклучување од друг простор.

По пристигнувањето на каталонската полиција, демонстрантите го напуштиле студиото. Емисијата почнала околу 8:48 часот, без дополнителни инциденти, и траела до 10:30 часот, наместо до вообичаените 11 часот.

Штрајкот предизвикал прекини и промени во програмата и на други телевизии. Андалузискиот јавен сервис Canal Sur околу осум часот ја прекинал програмата и прикажувал црн екран со известување дека прекинот е последица на генералниот штрајк.

Галициската TVG и Aragón TV го скратиле времетраењето на дел од емисиите или направиле промени во информативната програма. Radio Televisión Canarias и Castilla La Mancha Televisión, пак, на своите интернет-страници предупредиле на можни измени во програмата поради штрајкот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Кој ги следи студентите? Ноќно студио со Анастасија Павловска 10.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни