Во живо Продажба или стечај за Алта Банка „Ноќно студио“ во живо Гледај
Македонија

Лазовски: Имаме неправеден пензиски систем, оние со помалку од 15 години стаж остануваат без пензија

Лазовски: Имаме неправеден пензиски систем, оние со помалку од 15 години стаж остануваат без пензија

Македонскиот пензиски систем е неправеден и потребни се сериозни промени во начинот на пресметување на пензиите, особено за граѓаните со помал работен стаж и ниски примања. Ова го оцени економскиот аналитичар Славко Лазовски во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Според него, едно од најпроблематичните прашања е условот за најмалку 15 години пензиски стаж за остварување право на старосна пензија.

„Ако имате помалку од 15 години стаж, на пример 14 години и 11 месеци, воопшто нема да имате пензија. Тоа е сосема неправедно“, изјави Лазовски.

Тој посочи дека ваквото законско решение особено ги погодува граѓаните кои со години издвојувале средства за пензиско осигурување, но не успеале да го исполнат минималниот услов.

„Цел работен век вашите придонеси оделе таму, а на крајот немате право на пензија“, нагласи економскиот аналитичар.

Лазовски ја критикуваше и методологијата за пресметување на пензиите, посочувајќи дека коефициентите и начинот на вреднување на работниот стаж не се доволно разбирливи за граѓаните.

Тој смета дека системот мора да биде потранспарентен, а пензионерите да можат навремено да добијат јасна пресметка за висината на идната пензија.

„Мислам дека нашиот пензиски систем е неправеден, поради тие 15 години што се бараат, поради казнените поени и коефициентите“, рече Лазовски.

Според него, реформите не треба да се сведуваат само на зголемување на пензиите, туку и на воспоставување поправеден систем во кој ќе бидат подобро заштитени граѓаните со ниски пензиски примања.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни