Бизнис

ММФ прогнозира раст од 3,5% за Македонија годинава, а забавување на 3,2% во 2027 година

ММФ прогнозира раст од 3,5% за Македонија годинава, а забавување на 3,2% во 2027 година

Македонската економија годинава ќе порасне за 3,5 проценти, додека во 2027 година растот ќе забави на 3,2 проценти, според октомвриските проекции на Меѓународниот монетарен фонд. Прогнозата за 2026 година е на истото ниво со растот што ММФ го наведува за 2025 година.

Во споредба со земјите од Западен Балкан, Македонија, Албанија и Косово имаат иста проектирана стапка на раст за годинава, од 3,5 проценти. За Србија се очекуваат 3,3 проценти, за Црна Гора 3 проценти, а за Босна и Херцеговина 2,3 проценти.

За следната година ММФ предвидува поинаква динамика: Србија би забрзала на 4 проценти, а Косово на 3,6 проценти. Македонија и Албанија би имале раст од 3,2 проценти, Црна Гора од 2,8 проценти, а Босна и Херцеговина од 2,6 проценти.

Проектираниот раст на Македонија годинава е над глобалниот од 3,1 процент. Во 2027 година, пак, светската економија се очекува да порасне за 3,4 проценти, односно побрзо од македонската.

Бројките претставуваат прогнози за реалниот раст на бруто-домашниот производ, а не конечни резултати. Октомврискиот извештај се заснова на информации достапни до 30 септември 2026 година.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни