Јунајтед Ерлајнс соопшти дека се соочува со обемен прекин на информатичкиот систем кој ги погодува полетувањата и дека работи на враќање на редовното функционирање што е можно побрзо. Авиокомпанијата ја објави информацијата на Икс, само неколку дена по ретка мерка на Федералната управа за авијација со која за неколку часа беа запрени сите полетувања на национално ниво.
Федералната управа за авијација е запознаена со инцидентот, изјави портпаролката Хана Волден за Си-Ен-Ен, а дополнителните прашања ги препрати назад до Јунајтед Ерлајнс.
Според авиокомпанијата, прекинот нема влијание врз летовите што веќе се во тек, ниту врз летовите на Јунајтед Експрес.
Откако мерката за запирање полетувања беше укината во петок нешто по 20 часот по источновременско време, авијациските операции во голема мера се нормализираа, но авиокомпаниите и понатаму ги прераспоредуваат авиони, екипажи и багаж поради бројните откажувања и доцнења за време на викендот, пренесе Си-Ен-Ен.