Македонија

Ангелов ја поздрави акцијата на МВР: Граѓанин ми пријави дека советник во ДЗС му побарал 500 евра за позитивно мислење

Ангелов ја поздрави акцијата на МВР: Граѓанин ми пријави дека советник во ДЗС му побарал 500 евра за позитивно мислење

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, откри дека пред неколку дена добил пријава од граѓанин кој се пожалил дека вработен во институцијата му побарал 500 евра за да добие позитивно мислење потребно за изградба на објект.

Станува збор за лице вработено во ДЗС на позицијата советник за урбанистичко планирање. Според објавата на Ангелов, граѓанинот му се обратил со поплака, по што бил упатен случајот веднаш да го пријави во Одделот за организиран криминал при Министерството за внатрешни работи.

Ангелов ја поздрави денешната полициска акција, во рамки на која беше уапсен вработен во Дирекцијата за заштита и спасување под сомнение за примање поткуп.

Истовремено, ги повика граѓаните кои ќе се соочат со незаконско постапување од кој било вработен во ДЗС, случаите веднаш да ги пријават кај надлежните институции.

Тој упати и благодарност до, како што наведува, безмалку сите вработени во Дирекцијата кои чесно, совесно и пожртвувано ги извршуваат своите работни обврски.Ангелов ја поздрави акцијата на МВР: Граѓанин ми пријави дека советник во ДЗС му побарал 500 евра за позитивно мислење

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни