Балкан

Александар Чупиќ избран за претседател на српското Собрание со 140 гласа

Александар Чупиќ избран за претседател на српското Собрание со 140 гласа

Александар Чупиќ е избран за претседател на Народното собрание на Србија со поддршка од 140 пратеници. За неговиот противкандидат Стојан Раденовиќ гласале 97 пратеници, а двајца биле воздржани.

На гласањето присуствувале 239 пратеници. Чупиќ ја добил поддршката од сите 134 присутни пратеници од Студентската листа, како и од шест пратеници од малцинските листи.

Изборот се одвивал со јавно прозивање, при што секој пратеник поединечно и усно се изјаснувал за кого гласа.

Од Студентската листа изразија очекување дека Чупиќ ќе придонесе за враќање на угледот на Собранието и на функцијата што ја презема.

„Народното собрание мора да биде место во кое се почитува секој пратеник, во кое различните мислења слободно се изнесуваат и во кое одлуките се носат преку сериозна и аргументирана расправа“, се наведува во објавата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Една година од почетокот на судењето за „Пулс“ – кои одговори ги чекаат родителите? | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни