Македонија

Медицинска сестра со 20 годишно искуство му отсекла дел од палецот на новороденче – суспендирана е, семејството најавува тужба

Медицинска сестра со 20 годишно искуство му отсекла дел од палецот на новороденче – суспендирана е, семејството најавува тужба

Медицинската сестра која при отстранување инфузија му пресекла дел од палецот на новородено девојче е суспендирана од досегашните работни задачи и прераспределена во млечната кујна на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК).

За нејзината понатамошна работа ќе одлучува дисциплинска комисија, составена од лекар, адвокат и синдикален претставник. Комисијата има рок од 60 дена да го разгледа случајот и да утврди дали медицинската сестра ќе може повторно да работи со новороденчиња.

Станува збор за медицинска сестра со 20-годишно работно искуство, а инцидентот се случил при рутинска медицинска интервенција, односно отстранување на инфузија од бебето.

Случајот предизвика сериозни реакции, а семејството на девојчето најави дека ќе покрене судска постапка против Клиниката за гинекологија и акушерство.

Од ГАК го потврдија инцидентот, но го квалификуваа како „несакан настан“.

Во меѓувреме, новороденчето е отпуштено од болница и пуштено на домашно лекување.

Се очекува дисциплинската постапка да ги утврди околностите под кои се случил инцидентот, како и евентуалната одговорност на медицинската сестра.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни