Балкан

Вучиќ најави оставка: „Толку сте ми одвратни што не можам да ве гледам“

Вучиќ најави оставка: „Толку сте ми одвратни што не можам да ве гледам“
Beograd, 20. januara 2023. - Predsednik Srbije Aleksandar Vucic izjavio je da je danas u Beogradu sa predstavnicima "cetvorke" i specijalnim izaslanikom EU za dijalog Beograda i Prištine Miroslavom Lajcakom imao veoma težak i možda i najteži razgovor koji su imali do sada. FOTO TANJUG/ MILOŠ MILIVOJEVIC/ bg

Остра вербална пресметка се случи во српскиот парламент, каде што претседателот Александар Вучиќ жестоко му одговори на пратеникот Јово Бакиќ по неговите критики за аферите на актуелната власт. Вучиќ упати низа навреди кон пратеникот, нарекувајќи го „лажго“ и „криминалец“.

Реакцијата следуваше откако Бакиќ во своето обраќање ја опиша Српската напредна партија (СНС) како „политичко крило на организираниот криминал“.

„Тоа што хистерично викавте и рикавте е слика и пример за вашата немоќ. Сега ќе докажам каков лажго и криминалец сте“, му порача Вучиќ на пратеникот.

Српскиот претседател го обвини Бакиќ дека се однесува како главен криминалец и дека наредувал прогон на новинари и политички противници.

„Не им се заканувајте на новинарите, туку на криминалците што ги донесовте на гласачките места“, рече Вучиќ.

Во текот на обраќањето, Вучиќ повторно најави дека нема да го одработи целиот мандат во српскиот парламент и дека во одреден момент планира да поднесе оставка.

„Во одреден момент ќе ве израдувам и со поднесување на мојата оставка, бидејќи знам дека не можете да поднесете да го делите кислородот со мене“, изјави тој.

Објаснувајќи ја најавата, Вучиќ рече дека не може да ги гледа своите политички противници, нарекувајќи ги „слика на неговиот пораз“ и „причина за несреќата на Србија“.

„Ми сте толку одвратни што не можам да ве гледам, бидејќи сте жива слика на мојот пораз. Да бидам искрен, вие сте сликата и причината за мојот пораз. Вие сте сликата и причината за несреќата на Србија. А бидејќи сте сликата и причината за несреќата на Србија, јас не можам да бидам среќен. И знам дека ова многу ќе ве израдува“, рече Вучиќ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни