Живот

Го празнуваме Светиот Маченик Валериј

Го празнуваме Светиот Маченик Валериј

Светиот маченик Валериј пострада заедно со уште 32 други маченици, во Ерменскиот град Митилина, во времето на прогонот на императорот Диоклецијан, во 298 година.

Императорите беа усрдни поклоници на идолите и гонители на христијаните.

Кога до нивните уши дојде веста дека жителите на Ерменија и Кападокија, и покрај заповедите на императорот, одбиваат да им се поклонат на идолите, тогаш тие пратија двајца лукави и предадени на идолопоклонството војници, да ги истребат сите христијани таму.

Пратените војници точно ја исполнија волјата на императорот и ги казнија сите христијани што ги најдоа, отсекувајќи им ги главите. Помеѓу мачениците беше и светиот Валериј.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни