Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека по падот на три проектили на територијата на Полска биле подигнати авиони на НАТО. Тој ги осуди, како што рече, „сериозните нарушувања на полскиот воздушен простор“, за кои Варшава ја обвини Русија.
„Овој инцидент е очигледно опасен – тој е последица на војната што Русија ја води против Украина“, истакна Руте во објава на социјалната мрежа Икс.
Руте соопшти дека денеска разговарал со полскиот премиер Доналд Туск за сериозните повреди на полскиот воздушен простор во текот на ноќта.