Балкан

Сиљановска-Давкова му го честита изборот на Чупиќ за претседател на српското Собрание

Сиљановска-Давкова му го честита изборот на Чупиќ за претседател на српското Собрание

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова му го честита изборот на Александар Чупиќ за претседател на Народното собрание на Србија, посакувајќи му успех во работата за развој на демократска и просперитетна држава.

Во пораката таа изрази надеж дека македонско-српските односи ќе продолжат да се развиваат во пријателски дух.

„Моја надеж и желба е севкупните македонско-српски меѓудржавни и општествени односи да останат без отворени прашања и да продолжат да бидат интензивни, плодни и пријателски“, порача Сиљановска-Давкова.

Претседателката наведе и дека со нетрпение очекува да го пречека Чупиќ во Охрид, на регионалната средба во рамките на Процесот Брдо-Бриони.

Во честитката таа го истакна значењето на Народното собрание како највисоко претставничко тело и носител на уставотворната и законодавната власт во Србија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни