Покрај зголемувањето на студентскиот оброк, Владата подготвува дополнителни поволности со кои финансиски ќе им го олесни секојдневието на студентите. Премиерот Христијан Мицкоски најави нов модел на поддршка, кој нема да биде ограничен само на средствата за исхрана, туку ќе опфати и други производи и услуги.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски посочи дека станува збор за иновативно решение, за кое тврди дека досега не било применето во ниту една друга држава.
Според премиерот, надлежните институции веќе работат на подготовката на моделот, а конкретните детали ќе бидат објавени во наредниот период.
Мицкоски нагласи дека целта е поддршката за студентите да се прошири и да им овозможи поголеми финансиски олеснувања при користењето различни производи и услуги.