Македонија

Тетовец подолг период ја малтретирал сопругата и ѝ се заканувал со оружје – полицијата му одзела пушка и пиштол

Тетовец подолг период ја малтретирал сопругата и ѝ се заканувал со оружје – полицијата му одзела пушка и пиштол

Синоќа во 16:50 часот во СВР Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Г.(40) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 39-годишна жена, дека подолг период и физички ја малтретирал и ѝ упатил закани со огнено оружје.

А.Г. е задржан во полициската станица и со потврда биле одземени ловечка пушка, пиштол со рамка и куршуми и дозвола за поседување оружје.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни