Во живо Ноќно студио во живо Саша Богдановиќ за Српската демократска лига и изборите во Србија Гледај
Македонија

Богдановиќ: СДСМ повеќе не е СДСМ, раководството ја претвори во србофобна партија

Богдановиќ: СДСМ повеќе не е СДСМ, раководството ја претвори во србофобна партија

Поранешниот градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ, во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ откри дека имал разговори со лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, за можноста повторно да се кандидира за градоначалник на Центар, но и дека добил понуда да стане член на партијата.

Богдановиќ посочи дека не бил заинтересиран за членство во ЗНАМ, но бил подготвен да размисли за градоначалничка кандидатура доколку добие поддршка од оваа политичка опција.

ЗНАМ, сепак, одлучила да настапи со кандидат од сопствените партиски редови.

Запрашан која политичка опција денес му е поблиска, ЗНАМ или СДСМ, Богдановиќ упати остри критики кон раководството на неговата поранешна партија.

„СДСМ веќе не е СДСМ“, рече Богдановиќ, додавајќи дека во партијата повеќе не ја препознава идеологијата во која верувал уште од својата младост.

Според него, просторот за изразување различни мислења во СДСМ постепено се стеснувал, а членовите кои јавно или на партиските состаноци изнесувале критички ставови биле изложени на критики.

„Можам слободно да кажам и да го потврдам со одредени факти и аргументи дека СДСМ е станата србофобна партија“, изјави Богдановиќ.

Тој појасни дека неговите критики се насочени кон партиското раководство, а не кон членството, со кое, како што рече, и денес одржува комуникација. Според него, голем дел од поранешните сопартијци се незадоволни од случувањата во СДСМ.

Ноќно студио

Најнова епизода

🔴 ВО ЖИВО | Саша Богдановиќ за Српската демократска лига и изборите во Србија | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни