Изборниот успех на студентската листа во Србија беше неочекуван, дури и за дотогашната владејачка структура, оцени Саша Богдановиќ во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.
Тој откри дека непосредно пред објавувањето на изборните резултати, информациите што ги добивал укажувале на предност од 500 до 600 илјади гласови во корист на Српската напредна партија и нејзините коалициски партнери, но резултатот бил обратен.
Според Богдановиќ, по 14 години на власт дошло до презаситување кај граѓаните, а дополнително влијание имале и двегодишните протести и блокади.
Тој оцени дека студентската листа претставува нов феномен на политичката сцена во Србија, особено поради фактот што постигнала изборен успех без класична партиска организација.
Богдановиќ смета дека пред студентската листа сега стои предизвикот да обезбеди соодветни кадровски решенија и да ги реализира очекувањата на граѓаните кои гласале за промени.