Во живо Ноќно студио во живо Саша Богдановиќ за Српската демократска лига и изборите во Србија Гледај
Македонија

Осум сведоци сослушани за исчезнувањето на Данка Илиќ, одбраната бара ново психијатриско вештачење

Осум сведоци сослушани за исчезнувањето на Данка Илиќ, одбраната бара ново психијатриско вештачење

Пред Вишиот суд во Неготин продолжи судењето на Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, обвинети во случајот со исчезнувањето и убиството на двегодишната Данка Илиќ.

На денешното рочиште беа сослушани осум сведоци, кои останале на претходно дадените искази, додека двајца повикани сведоци не се појавиле пред судот.

Меѓу сослушаните беше и тогашниот директор на јавното комунално претпријатие „Водовод“, кој изјавил дека оставката што ја поднел во периодот на исчезнувањето на девојчето била од морални причини.

Поголемиот дел од сведоците изјавиле дека обвинетите на денот на исчезнувањето на Данка, како и во деновите потоа, се однесувале вообичаено.

Одбраната побара ново невропсихијатриско вештачење на обвинетите, со кое треба да се утврди нивната психичка состојба во моментот на давање на исказите во полицијата.

Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март 2024 година во Бањско Поле. Обвинетите првично го признале убиството, но неколку месеци подоцна ги повлекле признанијата, тврдејќи дека биле изложени на полициска тортура.

Дополнително внимание во јавноста предизвика и смртта на Далибор Драгијевиќ, брат на еден од обвинетите, во полициска станица. Според објавените информации од судско-медицинското вештачење, на неговото тело биле констатирани бројни тешки повреди, спротивно на исказите на полициските службеници.

Родителите на Данка не присуствуваа на денешното рочиште, а продолжението на судењето е закажано за 17 декември.

Ноќно студио

Најнова епизода

🔴 ВО ЖИВО | Саша Богдановиќ за Српската демократска лига и изборите во Србија | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни