Во живо Ноќно студио во живо Бленди Ходаи Гледај
Македонија

Ходаи: Кочо Анѓушев е на американската црна листа, а продолжува да им предава на студентите

Ходаи: Кочо Анѓушев е на американската црна листа, а продолжува да им предава на студентите

Академската заедница мора да отвори дебата за етичките стандарди и одговорноста на универзитетските професори, смета Бленди Ходаи од Форумот за образовни промени.

Гостувајќи во „Ноќно студио“ на 4ТВ, тој го проблематизираше наставниот ангажман на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев на Машинскиот факултет, повикувајќи се на неговото ставање на американската црна листа.

„Имаме професор што предава на Машинскиот факултет, кој се наоѓа на американската црна листа за корупција. Кочо Анѓушев е редовен професор на Машинскиот факултет кој им предава на студентите“, изјави Ходаи.

Според него, универзитетските професори, покрај пренесувањето знаење, имаат одговорност и да претставуваат пример за студентите.

„Ние моментално, во оваа ситуација, знаејќи дека се наоѓа на американската црна листа за корупција, мислиме дека тој не треба и не може да биде во аудиториумот со студентите и да им предава“, рече Ходаи.

Тој го поврза ова прашање со пошироката дебата за академскиот интегритет и влијанието на образовниот систем врз квалитетот на кадрите што подоцна раководат со јавните институции.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни