Во живо Ноќно студио во живо Бленди Ходаи Гледај
Македонија

Ходаи отвора прашања за професорската кариера на Мицкоски: Во какво списание ги објавувал научните трудови?

Ходаи отвора прашања за професорската кариера на Мицкоски: Во какво списание ги објавувал научните трудови?

Начинот на академско напредување на премиерот Христијан Мицкоски беше една од темите што ги отвори Бленди Ходаи од Форумот за образовни промени во „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Ходаи го повика премиерот да одговори на прашањата поврзани со неговите научни трудови и изборот во звањето редовен професор.

„Треба да носи одговорност за тоа како се унапредувал во редовен професор, објавувајќи научни трудови во едно предаторско списание“, изјави Ходаи, споменувајќи го издавачот „David Publishing“.

Тој тврди дека издавачот се наоѓа на листа на потенцијално предаторски академски издавачи и смета дека околностите под кои се објавувале научните трудови заслужуваат дополнително внимание.

Според Ходаи, академскиот интегритет треба да биде предмет на јавна дебата, особено кога станува збор за лица што извршуваат високи државни функции.

Тој нагласи дека неговите критики не се насочени кон професорската професија, туку кон евентуалните неправилности при академското напредување.

„Сум критикувал професори што се унапредувани на незаконски начин, со плагијаторство. Тоа го правам и ќе продолжам да го правам“, рече Ходаи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни