Македонија

Македонското таеквондо со нов голем успех – Ведрана Тунески донесе европска бронза

Македонското таеквондо со нов голем успех – Ведрана Тунески донесе европска бронза

Уште еден европски медал пристигнува за Македонија, овојпат благодарение на младата таеквондистка Ведрана Тунески, која успеа да се искачи на победничкиот подиум на Европското кадетско првенство во Романија.

Македонската репрезентативка освои бронзен медал, откако забележа две убедливи победи и обезбеди место меѓу четирите најдобри натпреварувачки во својата категорија.

На патот до полуфиналето, Тунески беше подобра од противничките од Холандија и Шведска, совладувајќи ги со идентични 2:0. Во борбата за пласман во финалето се соочи со претставничка на Полска, која беше поуспешна, со што македонската таеквондистка го заврши настапот со бронзено одличје.

Ова не е прв европски успех за младата спортистка. Тунески претходно освои бронзен медал и на Европското пионерско првенство, а со најновиот резултат уште еднаш го потврди својот потенцијал и напредок на меѓународната сцена.

Од Македонската таеквондо федерација го поздравија нејзиниот успех, нагласувајќи го значењето на освојувањето медали во олимписките спортови.

„Освојувањето европски медал во олимписки спорт е исклучително редок и значаен успех за македонскиот спорт“, велат од Федерацијата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни