4NEWS.mk

Германија: Три лица загинаа откако се урна дел од телевизиска кула

Три лица загинаа откако врз нив утрово падна дел од телевизиската кула во северниот дел на германската држава Хесе.

Полицијата во германската држава Хесе денеска потврди три смртни случаи откако се урнал подвижен дел од телевизиската кула. Платформата паднала од висина од 50 метри.

На почетокот на летото беше соопштено дека за потребите на радиодифузерот ќе биде поставена уште една антена, но засега не е познато дали тоа е поврзано со денешниот инцидент.

Истрагата е во тек.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни