На кошаркарскиот мундијал во Кина денеска средби од последното коло од првата фаза. Очекувано големите фаворити доминираа со убедливи победи. САД ја совладаа Јапонија со 98-45 додека Франција ја декласира Доминиканската Република со 90-56. Во поинтересните дуели Литванија загуби од Австралија со 87-82 додека Чешка беше убедлива против Турција со 91-76. Победа забележа и Грција во дуелот со Нов Зеланд од 103-97.
Според тоа во првото коло од втората групна фаза ќе играат:
СП КОШАРКА 1.КОЛО
Полска – Русија
Аргентина – Венецуела
Србија – Порторико
Шпанија – Италија
САД – Грција
Бразил – Чешка
Франција – Литванија
Австралија – Д.Република