4NEWS.mk

Делегација од Агенцијата за супервизија на осигурување на Осигурителен супервизорски форум во Франкфурт

Изминатата недела во седиштето на Европското регулаторно тело за осигурување и пензии (EIOPA), во Франкфурт, Германија се одржа за прв пат Осигурителен Супервизорски Форум на високи претставници помеѓу Еврoпската Комисија, Европското регулаторно тело за осигурување и пензии (EIOPA) и регулаторните тела за осигурување од земјите на Западен Балкан.
Делегација од Агенцијата за супервизија на осигурување присуствуваа на Форумот и имаа презентација за сегашните развојни трендови на македонскиот осигурителен пазар, како и за актуелните предизвици од областа на регулатива и супервизија. Претседателот на Советот на експерти на АСО, Климе Попоски истакна „ Во последните 10 години имаме значаен пораст на осигурувањето и тоа во двата сегмента неживот и осигурување на живот. За споредба во периодот 2009-2018 година кумулативната и просечно годишната стапка на раст во двата сегмента на осигурителниот сектор се поголеми во споредба со просекот на пазарите на осигурување во ЕУ.“

Целта на Супервизорскиот Форум претставуваше почеток на дијалог  помеѓу регулаторните тела за осигурување од земјите на Западен Балкан и од друга страна Европското регулаторно тело за осигурување и пензии и Директоратот за финансиска стабилност, финансиски услуги и пазар на капитал при Европската Комисија. Се разговараше за прашањата околу имплементацијата на европските осигурителни директиви во националните законодавства на земјите од регионот, како и јакнење на супервизорските капацитети и практики за поголема стабилност на осигурителниот сектор.

При тоа високите претставници на Европското регулаторно тело за осигурување и пензии ги поздравија  позитивните развојни трендови на македонскиот осигурителен сектор кој бележи највисоки стапки на раст помеѓу земјите од Западен Балкан и посебно истакнувајќи го напредокот на Агенцијата за супервизија на осигурување во спроведување на добри пракси за супервизија. Како потврда за тоа, од страна на EIOPA беше потенцирано високот ниво на капитал со кој располагаат друштвата за осигурување, последните процеси на консолидација кои се случија на домашниот пазар на осигурувње, како и спремноста на АСО во однос на најавените регулаторни промени за имплементирање на осигуретелни директиви Солвентност 2 и директивата за дистрибуција во осигурувањето. Исто така беше отворено и прашањето за либерализација на формирањето цени на задолжителното осигурување од автоодговорност и предизвикот во справување со проблемот на неосигурани возила.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни