4NEWS.mk

Огромен пожар кај Атина: Авиони, хеликоптери и стотици пожарникари се борат со огнената стихија во планината

Повеќе од 160 пожарникари се борат денеска со големиот пожар кој изби во планината на околу 60 километри од Атина, и е поттикнат од силните ветрови, јавија грчките власти.

До пожарот дошло синоќа во планините над летувалиштето Лутраки, западно од главниот град, наведоа официјални лица.

„Огнот гори близу врвот од планината. Се обидуваме да го ограничиме периметарот но теренот е многу нерамен, со многу провалии“, рече помошникот шеф на операции Стефанов Колокурис, ја јавната телевизија ЕРТ.

Четири авиони за гаснење пожар и шест хеликоптери учествуваат во овие операции.

Поради недостаток на пристапни патишта две групи пожарникари се префрлени на врвот на планината со хеликоптер супер пума, пренесува националната агенција АНА.

Властите евакуираа 50 луѓе од еден манастир кога изби пожар, а во соопштението наведоа и една друга населба или населена област дека не е загрозена.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни