4NEWS.mk

Сончево со слаб до умерен јужен ветер

Времето во Република Северна Македонија ќе биде претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до  девет, а  дневната од 18 до 26 степени.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 25 степени

Во понеделник попладне и во вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Услови за локален дожд ќе има и во четврток.

 
 

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни