Екипата на Вардар го совлада Нексе со 27:25 во натпревар од регионалната СЕХА лига, што за македонскиот првак е втора победа во третото коло.
По првото полувреме резултатот беше 14:14, претходно Нексе водеше и со 12:9, но потоа домашните заиграа колку што им требаше, па без поголеми проблеми освоија три бода.