На 30 септември истекува последниот рок за пријавување на тендерот за изградба на пристапниот пат до времената депонија во околината на гевгелиското село Ново Конско.
Тендерот е распишанод Меѓународната организација на мигранти врз основа на доделениот грант и потпишаниот договор со Општина Гевгелија.
Грантот ќе овозможи комплетно уредевање до фаза на тампонирање на долниот и горниот слој од пристапниот пат долг 1,5 километр, а општина Гевгелија ќе обезбеди довод на вода и струја до локацијата на депонијата за што согласно проектната документација, веќе ги почна преговорите со ЈПКД „Комуналец“ и со ЕВН.
Завршувањето на споменатите активности ќе овозможат конечно да профункционира најсовремената депонија за комунален отпад во земјава и затворање на сегашната дива депонија кај Сува Река која претставува сериозна закана за животната средина и здравјето на луѓето.