4NEWS.mk

Уште еден земјотрес во пакистанскиот дел на Кашмир

Десетици луѓе се повредени денес во последователниот земјотрес што го погоди пакистанскиот дел на Кашмир, два дена по силниот земјотрес во областа.

Голем број домови се оштетени денес во земјотресот, пренесува АП, додавајќи дека најтешко била погодена областа Мирпура, исто како и за време на земјотресот во вторникот.

Граѓаните поминале две ноќи спиејќи надвор, плашејќи се дека ќе има уште еден  земјотрес.

Епицентарот на последователниот земјотрес го погоди ретко населеното подрачје во соседната провинција Пенџаб.

 

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни