4NEWS.mk

Волонтери од Црвениот крст ќе им помагаат на пациентите во Клинички полесно да се снајдат

 
15-тина волонтери од Црвениот крст од денеска во кругот на Клинички ќе им помагаат на пациентите полесно да стигнат до клиниката каде имаат закажано преглед или контрола.
 
Станува збор за пензионирани медицински сестри, лекарка и млади волонтери кои од 8:30 до 12:00 часот ќе бидат присутни на неколку локации во комплексот „Мајка Тереза“.
 
За почеток тие ќе даваат информации само на пациентите кои имаат потреба од нив, а понатаму е планирано овој проект да се прошири со дополнителни услуги.
 
Александар Динев

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни