Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска ќе оствари посета на Лозово и на Кочани.
Од владината прес-служба соопштија дека премиерот, заедно со градоначалникот на Општина Лозово, Ацо Велковски, ќе ја пушти во употреба новата зграда на локалната самоуправа.
Во Кочани, пак, заедно со градоначалникот Николчо Илијев ќе ја проследи традиционалната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“. Потоа претседателот на Владата ќе има обраќање пред Домот на културата во Кочани.