Во видно лоша здравствена состојба, Бојан Јовановски – Боки 13 денеска неколку минути после 12 часот пристигна во обвинителството за организиран криминал и висока корупција каде ќе даде исказ за случајот „Рекет“, јавува репортерот на ТВ21 од терен. Минатата недела првоосомничениот во „Рекет“ вршеше увид во доказите.
Се очекува после давањето исказ, изјава за медиумите да даде неговиот адвокат Сашо Дуковски.