4NEWS.mk

Скопјанка паднала од велосипед и се здобила со тешки телесни повреди

На 11.10.2019 во 09,20 часот на булеварот „Партизански одреди“ Е.К.(33) од Скопје управувајќи велосипед „Каприс“ паднала на велосипедската патека и се здобила со тешки телесни повреди.

Таа веднаш била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни