Власта и опозицијата продолжуваат со нивните реторики околу отворањето на преговори со Европската Унија. Првиот човек на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сомнева дека земјата ќе добие чист датум за старт на преговорите.
Но, од друга страна, премиерот Заев изрази убедување дека на 17 и 18 месецов Европскиот совет ќе пресече за почеток на преговори со Македонија.
И министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, со став дека Северна Македонија испорачала резултати и дека сега очекува Унијата да го докаже лидерството и да ги отвори пристапните преговори.