4NEWS.mk

Регионалната директорка на УНФПА, Алана Армитаж, во посета на Македонија

Регионалната директорка за Источна Европа и Централна Азија на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), Алана Армитаж, денеска ќе пристигне во официјална посета на Република Македонија.

Во рамките на посетата, како што информираа од УНФПА, предвидени се средби со премиерот Зоран Заев, со претставници на партнерските организации на УНФПА во државата, како и други организации во рамките на соработката на УНФПА со Македонија.

Армитаж во последните 25 години работи на промоција на женското здравје, развој и човекови права. Учествувала во неколку мисии на УНФПА во Африка, Блискиот Исток, Источна Европа и Латинска Америка.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни